Лутиот Гвардиола излезе со одговор: Станува збор за неточна приказна која нема ништо блиско со реалноста

Дерби

23/07/2019

10:55

1.247

Големина на фонт

а а а

Пеп Гвардиола и ѕвездите на Манчестер Сити добија жесток напад од познатата новинска агенција во Кина, вест преку која беа обвинети дека турнејата во Азија ја користат само за да ги испразнат џеповите на фудбалските фанови, без да им возвратат на љубовта која ја добиваат од трибините.

Агенцијата „Чинхуа“ ги нарече „граѓаните“ арогантни и посочи дека Сити е единствениот клуб којшто покажа такво непочитување кон фановите во Кина, напад од кој воопшто импресиониран не остана шпанскиот стручњак кој при пристигнувањето во Хонк Конг излезе со лут одговор.

– Воопшто не се согласувам со тоа што беше напишано, тоа е неточно. За да напишат такво нешто, мора да знаат што точно се случува во нашиот клуб. Импресионирам сум од моите играчи досега и ќе видиме како ќе биде во остатокот од турнејата. Приказната која ја претстави новинарот, нема ништо блиско со реалноста. Кооперативни сме со сите во Кина, сите луѓе што бараат нешто од нас, ние позитивно одговараме. Дури и со вработените од хотелот, – појасни Гвардиола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг