Ново жариште во Азија: Руски авиони влегле во воздушниот простор на Јужна Кореја! Испукани куршуми за предупредување

Точка

23/07/2019

10:04

2.417

Големина на фонт

а а а

Авионите на Воздушно-космичките сили на Русија два пати го нарушиле воздушниот простор на Јужна Кореја во подрачјето на Јапонското море, наведува агенцијата "Јонхап", повикувајќи се на Комитетот на началници на штабовите на Вооружените сили на Јужна Кореја.

Агенцијата нагласува дека биле кренати ловците на јужнокорејското Воено воздухопловство, кои дури и пукале во знак на предупредување. 

Инцидентот се случил на подрачјето на островот Токто, кој се наоѓа источно од јужниот дел на Корејскиот полуостров и претставува предмет на спор меѓу Сеул и Токио.

Според верзијата на Комитетот на началници на штабовите, во ПВО зоната на Јужна Кореја влегле три авиони на Русија и два кинески. Еден руски авион, како што се тврди, два пати го нарушил воздушниот прост - во околу 9:00 и 9:30 наутро по локално време.

Како што се наведува, ова е прв случај руски авиони да го прекршат воздушниот простор на Јужна Кореја.




Спонзорирани линкови

Маркетинг