Де Лихт: Дознав дека еден клуб не сака да ме купи зошто мојот татко е предебел

Дерби

22/07/2019

13:54

3.552

Големина на фонт

а а а

Матијс Де Лихт како конечна одлука го избра Јувентус и ги остави на страна богатите понуди кои ги доби од Барселона, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, епилог кој малкумина кој го очекуваше на стартот на лентиот преоден рок кога суперталентираниот стопер се чинеше дека е најблиску до „Камп Ноу“.

Како што порача Де Лихт, на крајот пресудила желбата да напредува во земјата која е најпрепознатлива по дефанзивната игра, а во деновите кога и натаму се шпекулира зошто ги одби останатите понуди, младиот дефанзивец сега изрази големо незадоволство за една вест која ја проследи познатиот англиски таблоид „Мирор“. Овој весник во период на големи гласини потенцираше дека Јунајтед се откажал од Де Лихт поради дебелината на неговиот татко, или поточно поради стравот оваа генетика да има негативен развој во неговата кариера.

– Секој ден излегуваа нови работи, имаше нешто ново секој ден, а дознав и една лудост. Пристигна и една вест во која се велеше дека еден клуб не сака да ме купи поради тоа што мојот татко е предбел, па јас ќе сум можел да завршам исто. Тоа беше вистинска лудост и навистина смешно, – порачува Де Лихт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг