Прослава во кралското семејство: Британскиот принџ Џорџ денеска полни 6 години, а сите зборуваат за неговата преслатка насмевка

Кармин

22/07/2019

11:58

2.579

Големина на фонт

а а а

Британскиот принц Џорџ денеска полни 6 години, а неговите родители објавиле фотографии од својот најстар, насмеан син во фудбалски дрес на Англија, за да ја одбележат оваа прилика.

Џорџ е најстар од трите деца на принцот Вилијам и неговата сопруга, Кејт Мидлтон. 

На двете фотографии кои ги направила Кејт, младиот член на кралското семејство се наоѓа во градината на нивната Кенсингтонска палата во центарот на Лондон, додека на втората е на семеен одмор, пренесува Ројтерс.

На овој начин, Кејт Мидлтон ја продолжила традицијата кога се во прашање фотографиите на нејзините деца. Таа често ги фотографира, а потоа со таквите фотографии ја радува целата јавност кога се во прашање важните датуми.

Светските медиуми во последните неколку дена пишуваа дека принцот Џорџ ќе има роденден за паметење и дека неговите родители ќе се потрудат овој ден да му остане во најубаво сеќавање.

Имено, како што пишува британскиот печат, Кејт и Вилијам одлучиле да отпатуваат на Карибите со своите три деца – Џорџ, Шарлот и Луис. Тие секако ќе летуваат на посебна локација – островот Мистик, каде веќе со години доаѓаат членови на семејството на Кејт, па и овојпат се очекува доаѓање на нејзината сестра Пипа, како и нивните родители – Мајкл и Керол Мидлтон.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk