Јовески за случајот “Рекет”: Сумата од 1,5 милион евра била дадена во кеш во два наврата

Точка

22/07/2019

11:06

2.907

Големина на фонт

а а а

Во денешното интервју за “Независен Весник”, републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески открил детали за истрагата за најновиот случај “Рекет” во кои осомничени лица се Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски.

На прашањето како сведокот му дал сума од 1,5 милион евра на првоосомничениот за да биде прекината истражната постапка против него, Јовески одговорил дека парите биле дадени во готовина: 

“Парите се дадени во готовина во два наврата. Обвинителството уште во предистражната постапка ги утврди начинот и сметките од кои се обезбедени парите. За да не се наштети на постапката, други детали не би откривал. Но кога ќе бидат создадени услови, јавноста ќе биде запознаена со начинот на извршување на кривичните дела во овој предмет”.

Јавниот обвинител додал и дека истрагата ќе истражува дали целта на целиот случај била да се поткупат обвинители или само да се искористи влијанието на првоосомничениот врз јавен обвинител, но и дека истата ќе се прошири за сите инволвирани лица во конкретниот случај, како и за други кривични дела доколку во неа се дојде до такви докази.

“Постапуваме неселективно и делото ќе го истражиме и расветлиме целосно и сеопфатно. Никој што сторил кривично дело нема да биде поштеден”, вели Љубомир Јовески и додава дека овој кривичен предмет воопшто не влијае врз одговорноста на сведокот во предметот “Империја” кој го води СЈО.




Спонзорирани линкови

Маркетинг