Бејл е разрешен во Реал: Агентот на Велшанецот преговара со два клуба за брз трансфер

Дерби

22/07/2019

10:48

1.252

Големина на фонт

а а а

Изјавата која ја даде Зинедин Зидан по крајот на мечот со Баерн Минхен јасно ни стави до знаење дека Герет Бејл и дефинитивно е разрешен од страна на францускиот стручњак, што во превод значи дека клубот веќе го известил агентот на фудбалерот дека треба да пристигне со официјална понуда во најскоро можно време.

Бејл во секој случај нема иднина на „Сантијаго Бернабеу“ и најдобро за него ќе биде брзо да си пронајде нов ангажман, но она што е крајно неочекувано, велшката суперѕвезда во овој момент нема ниту една прималива понуда од Европа. Како што информираат угледните весници „АС“ и „Марка“, агентот на Бејл се наоѓа во Кина каде преговара со два клуба за брзо решавање на сензационален трансфер, со тоа што единствена „кочница“ во овој момент е сумата која можат да ја понудат.

Станува збор за Џиангсу Санинг и Бежинг Гуан, клубови кои се решени да му понудат бомбастична плата на крилниот напаѓач, кој сепак ќе мора да почека уште некој ден за официјален трансфер бидејќи Реал Мадрид чека да види каква конкретна понуда ќе донесе агентот Барнет. Во меѓувреме, Бејл се појави на најновиот тренинг кој го одржа Реал по поразот од Баерн Минхен, а според најавите, овој ќе биде еден од последните одработени во клубот за кој игра во изминативе шест години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг