Младата ѕвезда на Реал: Не ми се допаѓа…

Дерби

22/07/2019

10:29

1.323

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид во последно време се повеќе ангажира млади квалитетни играчи кои во иднина треба да бидат движечка сила.

Еден од тие големи таленти е Јапонецот, Такефуса Кубо кој веќе дебитираше за „кралевите“ во пријателскиот меч против Баерн Минхен. Кубо го споредуваат со Меси, но тоа на офанзивецот не му се допаѓа, односно смета дека во моментов премногу е свртена јавноста кон него пред се мислејќи на онаа во неговата земја.

- Знам што се случува во мојата земја. Луѓето малку се… Ми се посветува премногу внимание, тоа не ми се допаѓа. Јас мислам на теренот, - порача Кубо кој е сречен поради своето деби.

- Многу сум среќен поради моето деби со Реал Мадрид, иако загубивме и иако секогаш мразам да губам. Мојот план е да му помогнам на клубот колку што можам, - порача Јапонецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг