Путин проговорил за Скрипал и труењето: Тука нешто не е во ред! Британците ќе го убиеле да сакале, нешто друго им било потребно

Точка

21/07/2019

14:41

4.127

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Русија, Владимир Путин, не верува дека британските разузнавачки служби, како што пишуваат некои медиуми, можеле да го отрујат поранешниот офицер на Главната разузнавачка управа ГРУ, Сергеј Скрипал.

"Искрено да кажам, не верувам во тоа...Да сакале да го отрујат, ќе го отруеле. Во денешни услови тоа не е тешко. Доволен е милиграм. Ако се наоѓа во нивни раце, тоа воопшто не е тешко", рекол Путин во интервјуто со режисерот Оливер Стоун за филмот "Битка за Украина". 

Претседателот на Русија не верува дека смртта на Скрипал била конечна цел за Британците.

"Не, тука нешто не е во ред. Можеби им беше потребен само скандал", претпоставил тој и нагласил дека не знае каде се наоѓа сега Скрипал.

"Тој е шпион, цело време се крие", иронично рекол шефот на државата.

Путин не верува дека ни поранешниот полковник на ГРУ поседува некои суперважни податоци за Русија кои би можел да ги предаде на медиумите.

"Се сомневам. Скирпал повеќе не е во игра. Какви информации би можел да има тој?", се запрашал рускиот лидер.

Поранешниот полковник на ГРУ, Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија биле отруени на 4-ти март во Солизбери во јужна Англија, што направило голем меѓународен скандал. Лондон тврди дека Русија е вмешана во труењето, а Москва категорично негира.

Истрагата за инцидентот со труењето на Скрипал ја води антитерористичката единица на Скотланд Јард.




Спонзорирани линкови

Маркетинг