Етна исфрла оган, аеродромите затворени поради пепел во воздухот

Точка

20/07/2019

15:46

3.535

Големина на фонт

а а а

Етна е најголемиот активен вулкан во Европа.

Вулканот Етна на Сицилија е во ерупција и од еден од кратерите тече лава, соопштил италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија. 

Ерупцијата е испрекината и лавата тече на југоисточните падини на вулканот на километар и пол од кратерот.

Врвот на активноста е забележан во текот на ноќта. Двата аеродроми во Катанија биле привремено затворени поради пепелта во воздухот.

Етна, која се крева на 3.300 метри, е најголем активен вулкан во Европа, со чести ерупции.

Неговата последна голема ерупција биле во текот на зимата 2008-2009-та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг