“За среќа, таа ќе умре”: Скиентолозите имаат морничав став за Никол Кидман, децата веќе се свртеле против неа

Точка

20/07/2019

15:43

14.630

Големина на фонт

а а а

Сем Доминго, снаата на славниот оперски пејач Пласидо Доминго, по 22 години ја напуштила скиентологијата, а сега за “Daily Mail” проговорела за бројните работи кои се случувале.

Како што вели Сем, таа се одлучила јавно да зборува за тоа поради фактот што посвоената ќерка на Том Круз – Изабела Џејн Круз станала заговорничка на скиентологијата во јавноста. Сем одлучила да открие дека животот на Изaбела, како и животот на нејзиниот брат Конор драстично се променил откако Никол Кидман и Том Круз се развеле во 2001 година. 


“Изабела ја користат за PR затоа што е ќерка на Том Круз. Не е чесно тоа што ѝ го прават неа и на Конор. Тие немаат избор, мора да ја промовираат скиентологијата”, рекла Сем.

По разводот, децата биле поттикнати да се оддалечат од нивната мајка Никол, поради тоа што таа, врз основа на приказните кои скиентолозите им ги кажувале на Том и децата, била непожелна личност.


“Немаа избор. Беа индоктринирани во скиентологијата и изолирани од сè. Не можеш да бидеш против скиентологијата ако си дел од семејството на Том, инаку ќе се одречат од тебе. Погледнете што ѝ се случи на неговата ќерка Сури”, истакнала Доминго.

Таа во интервју за “Radar Online” открила и што скиентолозите мислат за Никол Кидман.


“За жал, Никол не може да биде спасена во овој живот. Но, за среќа таа еден ден ќе умре и тогаш ќе можеме да ја спасиме во следниот живот. Таков е ставот на Скиентолошката црква”, заклучила Сем.



Спонзорирани линкови

Маркетинг