Марсело со храбра изјава: Нејмар е подобар од Азар

Дерби

20/07/2019

15:00

1.274

Големина на фонт

а а а

Марсело ќе му биде соиграч на Еден Азар во Реал Мадрид, но Бразилецот е доволно храбар за јавно да изјави дека Белгиецот сепак не е на рангот на еден Нејмар.

Левиот бек на Реал за „Марка“ направил споредба меѓу двете ѕвезди и предност му дава на својот сонародник.

– Еден е топ фудбалер, играч на највисоко ниво. Таков е и Нејмар, тој има место во Топ 5 друштвото, се работи за одлични фудбалери, но за мене нема дилема, Нејмар е подобар.

– Се работи за крајно непредвидлив играч, кога играш одбрана против него, ти се поставуваш, а тој веќе има друга идеја и е невозможно да се одбраниш. Да го имаме Нејмар во Реал ќе биде големо задоволство, мислам дека клубот треба да направи се за да го доведе, а неговото минато со Барселона нема да биде проблем, – потенцира Марсело.



Спонзорирани линкови

Маркетинг