Во експлозија на фабрика за гас во централна Кина загинале 10 лица, соопштиле кинеските власти.
Уште 19 луѓе се тешко повредени, а пет се водат како исчезнати, навеле надлежните во градот Санмесја.
Експлозијата се случила во петокот навечер, наведува "AP".
Кинеските медиуми пренесуваат дека од нејзината јачина биле оштетени прозори и врати на куќи оддалечени и до три километри.