Растела како Јеховин сведок, а станала супермодел: Непознати детали од животот на Наоми Кембл поради кои светот е во шок

Кармин

20/07/2019

11:45

3.735

Големина на фонт

а а а

Веста за Том Круз и неговото вклучување во Саентологијата своевремено ја потресе целата јавност, но тоа дека убавицата Наоми за малку ќе станела Јеховин сведок за многумина беше како “гром од ведро небо“.

Странските медиуми истакнуваат дека поголем број од популарните личности се свртуваат кон алтернативните религии, па дури и кон некои култови кои неретко можат да бидат опасни, а со сето тоа нив им се подигнува популарноста.

Мајката на Наоми Кембл, Валери, во една прилика јавно прозборела во тоа како ја воспитувала своата ќерка.

„Ја одгледував како Јеховин сведок, но таа самата мора да ја избере својата вера. Кога ќе ми побара, секако дека ѝ ја давам целата литература на користење“ - изјавила Валери.

Сепак супермоделот Наоми со тоа повеќе воопшто не се занимава.


Централното верување на Јаховините сведоци е дека Бог, кој се наоѓа во изворните библиски записи е откриен со името Јехова и дека човекот може да го спознае само низ проучување на Светото писмо. Христијанската религија не го признава толкувањето на Библијата на Јеховините сведоци.

Од друга страна пак, Саентологијата ги учи луѓето дека се бесмртни духовни суштества кои ја заборавиле својата вистинска природа, а основана е во 1953-та година.

На Том Круз во таа заедница го внела неговата поранешна сопруга Мими Роџерс која била 6 години постара од него.

Џон Траволта исто така е член на Саентолошката црква на која ѝ се приклучил во седумдесеттите години од минатиот век.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk