Просветниот инспекторат има 7 дена да одлучи за дисциплинската мерка за инспекторот Илиевски

Макфакс

19/07/2019

14:53

1.812

Големина на фонт

а а а

Дисциплинската комисија му предложи на директорот на Држaвниот просветен инспекторат, да одлучи во рок 7 дена дали ќе го прифати предлогот за дисциплинска мерка за инспекторот Ѓорѓи Илиевски.

Портпаролот Јане Николовски рече дека било постапувано според Законот за административни службеници.

Денешната седница се одржа зад затворени врати.

Дисциплинската постапка беше закажана откако инспекторот Илиевски објави дека незаконски биле унапредени јавни функционери во наставно-научни звања на Државниот универзитет во Тетово (Арбер Адеми, Агим Нухиу, Сафет Емрули).

Постапката ја поведе Африм Саљиу, раководител на секторот за високо образование, а дисциплинската постапка за утврдување дисциплинска одговорност е испратена со потпис на директорот на ДПИ, Томе Спировски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг