Што се случува кога на брзина од 100 км/ч. ќе го уфрлите автомобилот во рикверц?

Точка

19/07/2019

14:23

18.667

Големина на фонт

а а а

Тимот на Јутјуб каналот “MasterMilo82” одлучил да провери што се случува со автомобилот во едно прилично екстремна ситуација – кога се префрла во рикверц при возење од 100 километри на час?

Тие зеле стара Opel Astra, тргнале, достигнале брзина од 100 км/ч. и се обиделе да го уфрлат возилото во рикверц. Што се случило? Ништо. Менувачот едноставно не сакал да префрли во рикверц. 

Затоа одлучиле да тргнат побавно и постепено да ја зголемуваат брзината. Менувачот се префрлал во рикверц при брзина од 20, 30 и 50 км/ч., но кога брзината достигнала 70 км/ч., моторот се угаснал.

На крајот од снимката, тимот предупредува дека не смеете да правите вакви работи и зошто не смеете.




Спонзорирани линкови

Маркетинг