Переира го претстави најсигурниот план за задржување на Погба во Јунајтед

Дерби

19/07/2019

14:22

2.253

Големина на фонт

а а а

Пол Погба брилјираше на првите два натпревари кои ги одигра Манчестер Јунајтед на летните подготовки во Америка, но сепак Французинот и натаму останува топ тема поради неговото нерешено прашање за блиската иднина која е пред него.

Погба пред стартот на турнејата со Јунајтед во неколку наврати порача дека е подготвен за нова авантура во неговата кариера, но повеќе од јасно е дека сите во клубот се обидуваат да го премислат во оваа намера, започнувајќи од Оле Гунар Солскјер, па се до фудбалерите кои се негови соиграчи. Солскјер пред два дена истакна дека е подготвен да му овозможи нов предизвик на Погба во Јунајтед, додека денеска Андреас Переира има малку поинаков план за тоа како ќе го задржи Французинот на „Олд Трафорд“.

Переира е еден од играчите кои многу добро го познава Погба поради тоа што заеднички беа дел од младинската школа на клубот, а сега од Америка се обиде да објасни колку ќе му значи на тимот останувањето на талентиран играч за врска како што е Пол.

– Како ќе остане со сигурност? Треба да му го украдеме телефонот, така нема да може да комуницира со никого, – изјави играчот кој пред извесно време доби нов договор од Јунајтед.

– Ќе биде многу важно да остане со нас, станува збор за фантастичен играч, но и за одлична личност. Учам од него нови работи секој ден и тој е еден од моите најдобри пријатели. Со него сум од мојата 16-та година и за мене е како дел од семејството, – порачува Переира.



Спонзорирани линкови

Маркетинг