Лампард за клучниот играч во тактиката на Сари: Ме освои на првите 10 тренинзи, уживам да го гледам

Дерби

19/07/2019

14:20

1.082

Големина на фонт

а а а

Френк Лампард дефинитивно ќе наметне поразличен стил на игра од оној кој го практикуваше Маурицио Сари, но ако се суди според една од неговите првични изјави, легендарниот играч за врска на Челси сериозно смета на играчот кој беше клучен фактор во тактиката на Италијанецот.

Станува збор за Жоржињо кој претходно долги години соработуваше со Сари во Наполи, играч кој оставил импресивен впечаток и кај Лампард по само десетина дена тренинзи во пресезоната која ја стартуваа „сините“ од Лондон.

– Жоржињо е фантастичен играч. Една работа која ме освои кај него по тренинзите кои ги имавме изминатава недела е односот и посветеноста која ја има на тренингот. Не е квалитетен само со топката, тој може комотно да води тренинг, трча, ги притиска останатите да работата подобро. Уживам да го гледам тоа, првите импресии се дека не можам да барам повеќе од него. Пресреќен сум што го имам во тимот, – вели Лампард кој во продолжение се надоврза на падот кој го имаше играчот за врска некаде на средината на сезоната.

– Јас сум нов менаџер, со нови идеи. Мислам дека ќе може повеќе да се адаптира на новата игра. Можно е да барам нови нешта од Жоржињо, Канте и останатите играчи за врска. Не „заглавувам“ на тоа што се случи минатата сезона, сега гледам играч кој ме импресионираше во првите 10-тина дена, – додаде новиот менаџер на Челси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг