Мицотакис ги повика пратениците да се борат против популизмот

Макфакс

19/07/2019

14:11

271

Големина на фонт

а а а

Новиот грчки премиер, Киријакос Мицотакис ги повика своите пратеници во грчкиот парламент напорно да работат, секојдневно да се борат против популизмот и старата традиција на политички клиентилизам, пренесе грчкиот весник „Катимерини“.

На првата седница на грчкиот парламент, по положувањето на заклетвата, грчкиот премиер Мицотакис на парламентарната група на неговата партија Нова демократија и порача повеќе да прави, а помалку да зборува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг