Синиша Михајловиќ има вонбрачен син: Нивната емотивна средба по 11 години ја раскажува цела Италија

Точка

19/07/2019

13:49

6.123

Големина на фонт

а а а

Синиша Михајловиќ моментално ја води најважната битка во својот живот, а деталите од неговиот јавен и приватен живот никого не оставаат рамнодушен.

Широката јавност е запозната со тоа дека тренерот на Болоња е во долгогодишен брак со поранешната водителка Аријана со која има пет деца, ќерките Викторија и Вирџинија како и тројца синови, Мирослам Николас и Душан.

Меѓутоа, тоа што поголемиот дел од јавноста не го знае е дека Михајло има уште еден син, Марко за кој никогаш не се срамел да зборува и кој го признал како свој веднаш по раѓањето.

Синот Марко е роден од некоја романса со некоја Италијанка која била актуелна пред да ја запознае својата соприга Аријана.

„Се знаеше дека имам син, се пишуваше за тоа, го признав и ја преземав одговорноста за неговото издржување. Меѓутоа, досега таа интима ја чував само за себе. Секако, сакав да го видам, срцето ми се кинеше кога ќе помислев на тоа. Сепак, одлучив да почекам да порасне, да стане полнолетен и потоа еден ден, како возрасни луѓе да поразговараме за сè. Да му кажам сè што имам“ - изјавил Синиша Михајловиќ.


Пресудна улога за нивната средба одиграла неговата сопруга Аријана. Таа знаела дека Марко постои и често го молела Миха да го викне на гости кај нив, да се видат, детето да ги запознае своите браќа и сестри.

Сопругата на Синиша, Аријана ги однела своите деца во Мекдоналс, па на стадион, да навиваат за Интер, Марко да го види првпат својот татко како игра фудбал.

А потоа, 25-та минута, слободен удар за Интер, оддалеченоста од голот на Бреш повеќе од 25 метри...

Марко на трибините - тоа беше неговиот најголем мотив кога земал залет.

„Бог беше на мојата страна, му багодарам. Деки Станковиќ знаеше сè, затоа прв ми дотрча во прегратка затоа што топката заврши внатре во мрежата“ - изјавил Синиша.



Спонзорирани линкови

Маркетинг