Покетино: Размислував за заминување...

Точка

19/07/2019

13:15

1.005

Големина на фонт

а а а

Маурицио Покетино и идната сезона ќе биде тренер на Тотенхем, иако имаше доста гласини дека би можел да го напушти лондонскиот клуб.

Покетино зад себе има одлична сезона, а иако се поврзуваше со многу клубови, тој сепак одлучи да остане во Тотенхем.

„Веројатно ќе се случеше тоа. Ќе ѝ дадев шанса на екипата да тргне во некои нови идеи и да отвори ново поглавје. Размислував за тоа често, но сепак останав“, изјави Покетино и додаде:

„Почувствував дека тоа не е начинот да си одам. Сега ќе се обидеме да ги повториме успесите од минатата сезона. Тоа ме мотивира“, изјави Покетино.



Спонзорирани линкови

Маркетинг