Скриен дијамант на Швајцарија: Во ова село има повеќе крави отколку поштенски сандачиња

Точка

19/07/2019

18:12

5.436

Големина на фонт

а а а

Гимелвалд е село сместено во падините на Алпите, а до кое можете да дојдете само со жичарница која води до Шилтхорн, еден од најпознатите видиковци на светот.

Постои уште еден начин, а тоа се скалите кои водат до екстремна планинска рута. 

Ако сакате да уживате во недопрена природа и нереално убави пејзажи, да почувствувате мир и тишина, Гимелвалд е идеално место за вашиот одмор. Ова село се наоѓа на 1.367 метри надморска височина.

Училиштето во Гимелвалд е затворено бидејќи нема доволен број на ученици, па тие мора да одат во училиште во Лутербрунен.

До ова тајно место не можете да дојдете со автомобил, бидејќи не постојат патишта. Жичарницата Шилтхорн застанува во Гимелвалд и на тој начин се пренесуваат 130 жители на ова село.

Постои и пат кој оди до селото Мурен со помош на челичната патека или "via ferrata", која минува преку стрмни скали.

Жителите на Гимелвалд се навикнале на темпото кое им го наметнала непристапната планина, како и на константното воодушевување на туристите кои тешко прифаќаат дека такво место навистина постои.

Постарите жители знаат да кажат дека во селото има повеќе крави, отколку поштенски сандачиња. Затоа тука во секое домаќинство можете да купите свежо сирење од домашно млеко.

Во овој "скриен дијамант" на Швајцарија луѓето се занимаваат и со рударство и туризам. Иако селото е релативно мало, местата во хотелите и приватните сместувања се пристапни.

Локалците веруваат не веруваат дека светот е лош, па кај нив е сосема нормално да влезете без да тропнете на врата, да земете некој производ и да оставите пари. Не се сомневаат дека ќе ги измамите.

Гимелвалд е единствено место во кое стрес речиси да не постои.

Иако туризмот им носи најдобра заработувачка, сопрен е развојот на ова место. Објавиле дека влегуваат во зона на лавини, што не во целост точно, бидејќи не сакале да се претворат во ски патека.



Спонзорирани линкови

Маркетинг