Сопруга на претседател, актерка со бурно минато, “злобничка”, најубава на светот...: Овие жени имаат југословенска крв, а нивните судбини се неверојатни

Точка

19/07/2019

12:40

8.291

Големина на фонт

а а а

Многу светски ѕвезди потекнуваат од Балканот и во нив тече југословенска крв. За некои, тој факт е општо познат, но постојат и личности на оваа листа кои веројатно ќе ве изненадат.

Помеѓу убавиците кои потекнуваат од овие простори се Меланија Трамп, Дениз Ричардс, Мила Јововиќ, Габриела Спаниќ и Стана Катиќ. 

Меланија Трамп

Првата дама на САД е родена во Југославија, во местото Севница кое се наоѓа близу денешната словенечко-хрватска граница. Некогашната манекенка се занимава со дизајнирање на накит, а ширум светот е позната по својата убавина како и по бракот со Доналд Трамп кој е 24 години постар од неа.


Мила Јововиќ

Познатата холивудска актерка е родена во српско-руско семејство, а се појавила во многу успешни филмски остварувања како “The Fifth Element”, “Resident Evil” и “Return to the Blue Lagoon”. Пред да се прослави во светот на кинематографијата, таа долги години била манекенка и често била прогласувана за најубава жена на светот.

Таа неодамна за првпат проговорела за спонтаниот абортус во четвртиот месец од бременоста кој ѝ се случил пред две години.

“Пред две години имав спонтан абортус. Бев бремена четири и пол месеци и снимав на локација во источна Европа. Дојде до компликации и добив прерани контракции, а абортусот во тој момент беше единственото решение. Не примив никаква анестезија, морав да бидам будна во текот на целиот зафат. Тоа беше едно од најстрашните искуства кои некогаш сум ги доживеала, до денес имам ноќни мори бидејќи бев сама и беспомошна. Кога помислувам дека жените би можеле да проаѓаат низ абортусот во многу полоши услови поради новиот закон, ми се превртува желудникот”, напишала Мила на својот Инстаграм профил.

Дениз Ричардс

Американската актерка и модел Дениз Ричардс беше во брак со големиот холивудски “срцекршач” Чарли Шин, во период од 2002 до 2006 година, а заедно глумеа и во третиот дел од филмот “Scary Movie”. Парот има две ќерки и се во добри односи.


Пред повеќе од една деценија се фотографираше за популарното машко списание “Playboy”. Нејзината мајка по потекло е од Хрватска, а таа ваквиот факт повеќе пати гордо го истакнала.

Стана Катиќ

Таа е една од најуспешните српски актерки, а светската слава ја доживеа преку серијата “Castle” во која го толкува главниот лик. Во неколку наврати, Стана ја посетувала Србија и на социјалните мрежи честопати објавува фотографии од регионот.


Габриела Спаниќ

Животот на една од најпознатите мексикански актерки, Габриела Спаниќ, е толку интригантен што наликува на некоја ТВ сапуница во какви што таа глумеше. Имено, актерката со хрватско потекло е позната по улогата на Паула и Паулина во серијата “La Usurpradora” (Злобничка). Таа има сестра близначка, Даниела, за која велат дека по силните операции на Габриела воопшто не личи на неа.

Сестрите долго време не зборувале меѓу себе бидејќи Даниела наводно имала афера со поранешниот сопруг на Габриела, Мигел. Меѓутоа, тие денес се во добар однос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг