Mercedes за семејството и за тркачката патека – CLA 45 Shooting Brake

Супермен

19/07/2019

19:33

2.349

Големина на фонт

а а а

По AMG A45 и CLA 45, Mercedes-AMG претстави уште еден атрактивен модел – CLA 45 Shooting Brake.

Втората генерација на моделот е семејно ориентирана верзија на CLA моделот, чиј заштитен знак е сепак атрактивноста. Mercedes-AMG овој пат не ја зголемил практичноста во корист на перформансите, бидејќи Shooting Brakе силно зрачи со спортски дух.


Под хаубата се наоѓа најмоќниот четирицилиндричен бензинец на светот – M139 кој ги придвижува стандардните модели A45 и CLA.

Во овој случај доаѓа во две варијанти, со 387 коњски сили и 416 коњски сили, под ознаката CLA 45 S.

CLA 45 од 0 до 100 км/ч. стигнува за 4,1 секунди, додека S варијантата е побрза за некоја десетинка. Максималната брзина е електронски ограничена на 250 км/ч., односно на 270 км/ч. во случајот на CLA 45 S.


Агресивниот изглед е нагласен преку решетките на ладилникот и спортските браници, додека во внатрешноста доминираат дигиталниот дисплеј и просторот за патници.

Mercedes дополнително ќе објави информации за цената и почетокот на продажбата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk