Препознајте лажливец: Овие 5 реченици ги изговара секој маж пред неверство

Кармин

19/07/2019

10:51

6.990

Големина на фонт

а а а

Неверството е многу болна работа која може да се случи во една врска. Но, пред да дојде до него, вашиот партнер ќе ви даде неколку знаци со кои ќе докаже колку навистина се грижи за вас и дали планира во некој момент од врската да ве изневери.

За да спречите да дојде до ваква ситуација, особено обрнете внимание доколку тој изговори некоја од следните 5 реченици: 

Имам чувство дека повеќе не ме цениш

Доколку се случува вашиот партнер често да ви ја упатува оваа примедба, постои шанса да се чувствува занемарено и да не е среќен во врската како што некогаш бил. Таквото чувство може да доведе до “ладење” на емоциите и потреба таа своја желба да биде прифатен да ја побара на некое друго место. Во ваков случај, потребно е да издвоите повеќе време за својот партнер - организирајте заеднички активности и пронајдете начин да ја обновите старата страст.


Извини што не ти одговорив на пораката

Ако забележите дека вашиот партнер од чиста мира прекине да ви одговара на пораките, можно е повеќе да не сте му приоритет. Дури и да е презафатен на работа, секогаш може да најде време за кратка порака. Разговарајте со него и љубезно прашајте го зошто е тоа така.

На работа беше ОК

Најголемиот проблем во овој случај е краткиот одговор кој партнерот ви го дава, наместо детално раскажување за тоа како го поминал својот ден. Криењето на деталите може да биде знак за опасност и доколку вашиот партнер ви дава вакви знаци, време е да поразговарате на таа тема.


Ајде да испробаме нешто ново во креветот

Доколку сексот веќе подолго време ви е едноличен, еден од партнерите ќе добие потреба да испроба нешто ново. Тоа би можело да значи и дека тој не е потполно задоволен од сексуалниот живот со вас. Сфатете ги сериозно неговите желби и испробајте нови работи (секако, доколку сте согласни со она што тој го предложува). Со тоа заеднички ќе го решите проблемот и повторно ќе ја оживеете врската.

Тоа е дури за неколку месеци, не треба сега да размислуваме за тоа

Доколку вашиот партнер одбива да прави планови за иднината со вас, тоа би можело да значи дека тој не е сигурен што ќе се случува со вашата врска за неколку месеци. Крајно време е да седнете и да поразговарате за вашата иднина.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk