Згодната гранична полицајка го “запалила” Интернетот: “Таа би можела да ме затвори и да ме држи колку што сака”

Супермен

19/07/2019

18:24

6.513

Големина на фонт

а а а

Една службеничка на граничната полиција на САД преку ноќ станала позната на социјалните мрежи, а следбениците полуделе по нејзиниот изглед.

Девојката идентификувана како Кјара Сервантес од Тексас, го обезбедувала потпретседателот Мајк Пенс во текот на посетата на американската граница со Мексико, кога ја фотографирале пред ќелиите. 

“Таа би можела да ме држи колку што сака”, е само еден од сличните коментари кои го преплавиле Твитер.

Откако нејзината фотографија со хаштаг #IceBae станала хит, на Твитер се појави и профилот кој ѝ припаѓа на Кјара.

“Само што се разбудив... Видов дека морам да снимам видео за да поверувате дека тоа сум јас. Тоа сум јас – гранична полицајка од Тексас и да, не знам што друго да кажам”, вели девојката на видеото. 

Сервантес напишала дека само ја работела својата работа, како и тоа дека сака да ја штити својата земја.

Подоцна стигнал и одговор и од нејзините надлежни, кои потврдиле дека таа работи за нив и има слобода да ги користи социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk