Иран го демантира Трамп: Наш дрон Американците не собориле, да не урнале свој?!

Точка

19/07/2019

10:01

1.874

Големина на фонт

а а а

САД би можеле да срушат сопствен дрон во Ормускиот залив, соопштил заменик шефот на иранското министерство за надворешни работи, Абас Аракчи.

"Не изгубивме никаков дрон во Ормускиот мореуз, ниту на било кое друго место. Се плашам дека американскиот брод "USS Boxer" по грешка соборил сопствено летало", напишал тој на Твитер. 

Вчера претседателот на САД, Доналд Трамп, изјавил дека американски воен брод во Ормускиот мореуз соборил иранско беспилотно летало кое, наводно, претставувало закана по американските војници и ги повикал другите држави на тој начин да го напаѓаат Иран. Пентагон нагласил дека морнарите делувале во самоодбрана.

Иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, подоцна соопштил дека Иран не информации за загуба на беспилотно летало.




Спонзорирани линкови

Маркетинг