Ако ги повторувате овие навики никогаш нема да ги загубите вишокот килограми

Супермен

19/07/2019

10:37

3.350

Големина на фонт

а а а

Истражувањата на јапонските научници откриваат дека главната грешка што ја правиме во исхраната, а која доведува до зголемување на килограмите би можела да биде брзината со која јадеме.

Резултатите од истажувањата покажаа дека луѓето кои јадат побрзо имат двапати поголеми шанси да станат дебели.

Зошто треба да ја џвакаме храна побавно? Пред сè, поради чувството на ситост. Имено, што подолго џвакаме еден залак, тоа повеќе се активираат сензорите на јазикот и усната шуплина, кои испраќаат сигнал за ситост до мозокот.


Покрај тоа, процесот на џвакање на храна го ослободува хистаминот во нашите неврони и така испраќа сигнал за ситост, а ако вашиот мозок препознае дека сте сити, нема да имате потреба за дополнителна храна, па ни за внесување на дополнителни калории.

За време на истражувањето, на еден од тестовите, на испитаниците им била дадена иста количина на храна, но се покажало дека оние кои јаделе побрзо имале повисока тенденција кон здебелување од испитаниците кои јаделе полека.


Кога јадеме поспоро, нашиот крвен притисок е под контрола и без преголеми амплитуди, па го олеснува контролирањето на вашиот апетит.

За жал, не постои точно време колку што би требало да го џвакаме залакот пред да голтнеме, а тоа зависи и од видот на храна која ја внесуваме и големината на самиот залак. Храната е потребно добро да ја изџвакате пред да се спушти во хранопроводот, а не заборавајте никогаш да не земате друг залак, додека претходниот не се спушти до вашиот стомак.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk