Украина и Русија постигнаа согласност за размена на затвореници

Макфакс

18/07/2019

18:55

1.128

Големина на фонт

а а а

Тој рече дека Киев очекува размена на 208 лица кои служат затворска казна во Украина за 69 Украинци, објави агенцијата „Ројтерс“.

Украина и Русија постигнаа согласност за размена на затвореници, спогодба во рамки на која се очекува да бидат разменети вкупно 277 луѓе заробени во конфликтот во Источна Украина, изјави денеска високиот украински официјален претставник Роман Бесмертни.

„Најважно е дека постигнат е договор за почеток на процедурите за размена на воени затвореници, кои се незаконски држени. Соодносот на лица е 208 спрема 69″, рече тој.

Бесмертни не кажа кога точно ќе се изврши размената, но рече дека подготвителните процедури може да потраат и неколку месеци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг