При пожар во јапонско студио за анимација загинаа најмалку 33 лица

Макфакс

18/07/2019

18:02

1.093

Големина на фонт

а а а

Најмалку 33 лица загинаа во Кјото во подметнат пожар во студио за анимација, објави мрежата НХК, повикувајќи се на локалните власти.

Пожарникарите пронашле многу тела на вториот кат од студиото „Кјото анимејшн“, а се верува дека кога избувнал пожарот околу 70 лица работеле во трикатниот објект.

Во болница се пренесени 36 лица, а околу 10 се во критична состојба, објави агенцијата „Кјодо њуз“.

Во извештајот се наведува дека во врска со настанот е приведен 41-годишен маж.

За полицијата изјавил дека излеал течност слична на бензин, а инспекторите пронашле и ножеви на местото на настанот.

Човекот бил повреден и хоспитализиран, па полицијата сè уште не е во можност да спроведе сеопфатен распит, објави НХК, наведувајќи дека човекот, наводно, извикувал „умрете“ додека го подметнувал огнот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг