Најмалку 17 мигранти загинаа во автобуска несреќа во Турција

Макфакс

18/07/2019

18:00

966

Големина на фонт

а а а

Седумнаесет лица загинаа, а 50 се повредени откако автобус во кој се превезувале мигранти се превртел во турската источна провинција Ван, соопшти гувернерот на провинцијата, а пренесе агенцијата „Анадолија“.

Минибусот со мигрантите се спуштал по рид и влетал во река во близина на населбата Ерчек, во областа Ипекиолу, на околу 60 километри од границата со Иран.

Во несреќата исто така загинал турскиот возач, додека националноста на останатите патници не е позната.

Градот Ван се наоѓа на рутата на мигрантите од Авганистан, Пакистан и Бангладеш, на нивниот пат кон Европа, пренесуваат светските агенции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг