Ви го претставуваме најголемиот телевизор на светот со дијагонала од 301 инч

Точка

18/07/2019

17:43

3.322

Големина на фонт

а а а

Во бескрајната трка за креирање на најголемиот телевизор на светот, новиот модел на отворен простор сака да ја понесе ова титула следната година.

Австралиската компанија „C Seed“ штотуку го претстави својот најнов телевизор за екстериер, 301 модел кој со леснотија ќе ја однесе титулата за најголем телевизор на светот кога идната година ќе се најде на продажба. Креиран од супер лесен карбон и титаниум, овој модуларен телевизор ќе има гигантски 301 инч во дијагонала.


Сепак овој телевизор не е само голем туку ветува дека ќе емитува кристално чиста слика без оглед на временските услови, благодарение на своите неверојатни и екстремно импресивни спецификации. Со осветленост од 4.500, константно од 4.500:1 и 48-битна длабочина на бојата ќе може да видите што точно се случува на екранот дури и доколку телевизорот е изложен на директна сончева светлина. Речиси четири милиони ЛЕД диоди ги обработуваат податоците за фотографиите до 100.000 секунди, дозволувајќи му на овој телевизор да покажува 281 трилион бои. Исто така овој телевизор има HDR технологија, поддршка за 4К видео и доаѓа со звучен систем од шест широкопојасни звучници и три субвуфери со излезна сила од 2.700 вати.


Колку и да се убави овие спецификации, најпримитивниот детаљ на овој телевизор е неговата компактност тогаш кога не е во употреба. Единицата само за дваесет и пет секунди се појавува од својот складишен простор со притискање на едно копче и се шири до своите максимални димензии за потоа за дополнителни четириесет секунди да се отвори и лед панелата, а потоа да се заклучи во место за да се формира беспрекорен екран. Со уште едно притиснување на копче, телевизорот се собира и се пакува во своето куќиште.

Инаку, 301 моделот не е првиот „C Seed“ гигантски телевизор за екстериер затоа што оваа компанија веќе сега продава модели со дијагонала од 201 и 144 инчи Сепак овој најнов модел ќе чини околу 1.5 милиони долари и дури сега е достапен да се нарача.




Спонзорирани линкови

Маркетинг