Дојавата за бомба на аеродромот во Белград е лажна

Макфакс

18/07/2019

15:47

798

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека дојавата за бомба во авионот на „Луфтханза“ на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград била лажна.

„Танјуг“ пренесува дека полицијата работи на идентификување на лицето кое утринава околу шест часот телефонски упати лажна дојава за бомба во авионот што утринава требало да полета за Франкфурт поради што беа евакуирани 130 патници и членови на екипажот.

„Сите одговорни служби, вклучувајќи ги аеродромските услуги, веднаш реагираа во согласност со процедурите за да обезбедат највисоко ниво на безбедност за патниците и авионите како главен приоритет“, соопштија од аеродромот.

Како што додаваат, воздухопловниот сообраќај на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград се одвива според предвидениот распоред за летови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг