Пеп Гвардиола откри дека тој нема да ја носи одлуката за тоа кој да биде капитен на Манчестер Сити, туку тоа ќе го сторат сите играчи заедно.
Долгогодишниот капитен на „Граѓаните“, Винсент Компани го напушти клубот по крајот на минатата сезона, а засега не е познато кој ќе биде новиот капитен на Сити.
„Играчите ќе го одлучат тоа меѓу себе, но кога ќе бидеме сите заедно. Откако ќе пристигнат сите кои што моментално недостасуваат, ќе одржиме состанок на кој ќе одлучиме кој ќе биде новиот капитен“, изјави Пеп Гвардиола.
Манчестер Сити деновиве го одигра првиот пријателски натпревар против Вест Хем кој заврши со 4:1, а капитен на тој натпревар беше Давид Силва.