Клоп без големи засилувања: Не сме Манчестер Сити и ПСЖ

Точка

18/07/2019

15:05

1.405

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп откри дека „Редси“ ова лето нема да трошат многу пари на големи засилувања.

„Овој преоден рок нема да биде така значаен за нас. Во последните две години вложивме доста во екипата, не можеме секоја година да трошиме многу пари. Само Манчестер Сити и ПСЖ можат секоја година да даваат по 200 или 300 милиони евра“, изјави Клоп и додаде:

„Можно е да доведеме само еден фудбалер, ако најдеме, секако, соодветен. Но, и ако не успееме во тоа, нема да биде катастрофа. Веќе имаме решенија. Сигурно некои нема да бидат среќни, сите сакаат да имаме врвни играчи и на клупата, што не е лесно“, изјави Клоп.

Откако минатата сезона Ливерпул ја освои титулата во Лигата на шампионите, оваа сезона избраниците на Клоп ќе тргнат во поход по титулата од Премиер лигата, а новата сезона ќе биде отворена со натпреварот против Норич.



Спонзорирани линкови

Маркетинг