Роџерс му постави ултиматум на Јунајтед за големата трансфер желба од Лестер

Дерби

18/07/2019

14:50

1.182

Големина на фонт

а а а

Не е никаква тајна дека Манчестер Јунајтед силно го посакува Хари Мегваер во своите редови, но ако пред само два дена англиските медиуми говореа за договорена зделка во висина од 80 милиони фунти, денеска со сосема спротивна изјава излезе Брендан Роџерс.

Последните информации велат дека Лестер ги одбил двете досегашни понуди кои ги испратил клубот од „Олд Трафорд“ за фантастичниот англиски репрезентативец, а сега менаџерот на тимот од „Кинг Пауер“ нагласи дека клубот има поставено ултиматум за било какви преговори за фудбалерот, бидејќи се помало е времето за активност на трансфер пазарот.

Лестер никако не сака да се стави во ситуација да се преговара за Мегваер до последните денови од преодниот рок во Англија, бидејќи така нема да може навреме да ја пронајде посакуваната замена.

– Мора да направиме пресек. Не може да се доведеме во ситуација да останеме кратки. Имаме таргет цели на кои планираме доколку Хари си замине. Но, ние немаме потреба да продаваме. Ако договор не се постигне во најскоро време, нема да дозволиме да се оди до самиот крај, ќе биде предоцна за нас да најдеме замена. Затоа, за нас постои точка која не смее да се премине, – предупредува Роџерс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг