Сабатини: Да бев уште во Интер, ќе и најдев нов дечко на Ванда

Дерби

18/07/2019

14:47

1.259

Големина на фонт

а а а

Валтер Сабатини како спортски директор на Болоња изминатиов викенд му изрази неизмерна поддршка на Синиша Михајловиќ во жестоката битка која претстои пред него, а воедно нагласи дека српскиот стручњак и натаму ќе го води првиот тим, без оглед на тоа што истовремено ќе мора да оди и на терапија.

Искусниот фудбалски работник пред да пристигне во Болоња ја извршуваше функцијата технички координатор во Интер, па поради тоа, сега одличи да се огласи за спорните случувања во Милано кои траат со месеци. Секако, Сабатини се огласи за иднината на Мауро Икарди, односно негативното влијание кое владее меѓу одговорните луѓе на клубот и поранешниот капитен, атмосфера за која според Валтер одговорна е неговата сопруга Ванда.

– Ако Икарди беше мој играч, ако се уште бев во Интер, ќе и најдев нов дечко на Ванда за да го остави Мауро на мира. Икарди е одлично момче и фантастичен татко, – порачува Сабатини во изјава за „Газета дело Спорт“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг