Британците во голем проблем ако нема договор за Брегзит: Прво влегуваат во рецесија, а потоа фунтата ќе почне нагло да паѓа

Точка

18/07/2019

13:55

1.204

Големина на фонт

а а а

Велика Британија ќе влезе во рецесија во случај да излезе од Европската унија без договор, соопштила британската Канцеларија за буџетска одговорност.

"Велика Британија ќе влезе во рецесија во четвртото тримесечје на 2019-та година, која ќе трае една година. БДП ќе падне за 2,1 процент", се наведува во извештајот од Канцеларијата кој бил објавен денес. 

Британската фунта ќе изгуби 10 проценти од вредноста веднаш по излегувањето, на 31-ви октомври, доколку тоа биде без договор, навеле од канцеларијата.

Како што се наведува, зголемената несигурност и намалената доверба ќе ги одврати инвестициите, а повеќето трговски бариери со ЕУ ќе го оптоварат извозот.

Британија треба да ја напушти Унијата на 31-ви октомври, но Парламентот го отфрлил договорот за излегување од европскиот блок. Борис Џонсон и Џереми Хант, кандидатите за нов премиер наместо Тереза Меј, рекле дека Британија ќе излезе од ЕУ со или без договор, ако европскиот блок не сака повторно да преговара за тој документ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг