„Се омажив за мојот полубрат и со него имам четири синови“: „Сите мислат дека сме одвратни додека не ја чујат мојата исповед“

Кармин

18/07/2019

13:36

5.601

Големина на фонт

а а а

На почетокот кога им кажале на нивните родители дека се заедно биле шокирани. Линлеј и Даниел Перот од Нов Зеланд се како и секој друг брачен пар само со една голема разлика: тие се полубрат и полусестра.

Линлеј (37) пораснала со својот полубрат Даниел, но кога биле тинејџери сфатиле дека имаат симпатии еден кон друг.

Наспроти навредливите коментари, парот сега е во брак и имаат четворица синови, пренесува британското списание „The Sun“.

Линлеј раскажала како во текот на времето се заљубила во својот полубррат.

„Мајката на Даниел, Мори и мојот татко Вернон се запознаа кога имав 12 години и се венчаа неколку години подоцна. Даниел се шегуваше со мене како постар брат, но на мои 16 години знаев дека се заљубив во две години постариот полубрат“ - изјавила таа.

Меѓутоа, Даниел во меѓувреме се оженил и се преселил во Австралија. По неколку години татко ѝ и кажал дека Даниел се развел и дека се враќа дома. Набрзо тие двајца изнајмиле стан, а со текот на времето станувале сè поблиски, додека Даниел еден ден не ја бакнал.

Како што раскажува таа, кога им кажале на нивните родители дека се заедно тие изјавиле дека се согласуваат со тоа сè додека тие двајца се среќни иако на почетокот биле шокирани.

Парот набрзо се венчал, а сега имаат четворица синови.

Линлеј и Даниел заедно се 14 години, а нивните деца раскажале колку нивните родители се совршени во брак. Семејството е среќно иако луѓето кои ги познаваат мислат дека е одвратно тоа што тие двајца се заедно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk