Првиот Англичанец во Атлетико по цели 95 години: Чувството е неверојатно

Дерби

18/07/2019

12:45

1.018

Големина на фонт

а а а

Киран Трипие имаше доста бурни 24 часа во текот на вчерашниот ден, бидејќи најпрво пристигна во шпанската престолнина, ги мина медицинските прегледи и беше претставен како ново засилување од клубот, а веднаш го одработи и првиот тренинг како член на тимот од Мадрид.

Атлетико Мадрид го направи досегашниот стандарден десен бек на Тотенхем првиот Англичанец кој потпишува за клубот по пауза од цели 95 години, а токму раритетот да се купуваат играчи од Островот прави овој трансфер на Чоло Симеоне да биде посебен. Вистина е дека навистина малкумина очекуваа ваков расплет, но откако стана јасно дека Трипие е нов „воин“ на аргентинскиот стручњак за сума од 30 милиони евра, официјалниот канал на клубот ја проследи и првата изјава на најновото засилување.

– Сензацијата и чувството е неверојатно. Секогаш сакав да играм во странство, а нема подобро место од Мадрид остварување на желбата. Атлетико има фантастичен тим и неверојатен тренер. Имам огромна желба да стартувам со натпреварите и да ги запознаам соиграчите. Овој тим играше важни финалиња, склопот на играчи и тренер е фасцинантен. Едвај чекам да научам нешто од Чоло, – порача англискиот репрезентативен бек.



Спонзорирани линкови

Маркетинг