Милијардерот ја однел на шопинг својата 45 години помлада сопруга: Сите гледале во неговото око и се прашувале што не е во ред со тој човек

Кармин

18/07/2019

12:03

7.792

Големина на фонт

а а а

Сопственикот на Формула 1, Берни Еклстон (88) од 2012-та година е во брак со Фабијана Фолси, која е 45 години помлада од него, а овојпат вниманието во јавноста го привлече нешто сосем поразлично...

Берни неодамна бил виден на шопинг по лондонските улици, а друштво му правела неговата 43-годишна сопруга, со која се венчал во месец август 2012-та година.

Тие биле на шопинг во некоја продавница за опрема за јога, но овојпат вниманието не го привлекла разликата во годините помеѓу парот, туку неговата неможност да го отвори левото око од непознати причини.


Берни е четвртиот најбогат човек во Велика Британија, со богатство кое се проценува на 4.2 милијарди долари, а првпат се венчал во далечната 1952-ра година со Авј Бамфорд со која ја има ќерката Дебора.

Тука била и седумнаесетгодишната врска со Туан Тан, која завршила во 1984-та година кога неговата втора сопруга Славица Радиќ првпат останала бремена. Во текот на 23-годишниот заеднички живот парот ги добил ќерките Петра и Тамара, а кон крајот на 2008-та година, британското списание „The Sun“ открило дека атрактивната сопруга се иселила од нивниот дом и побарала развод. Од бракот излегла побогата за 1.5 милијарди долари.


Фабијана Фолси, потпретседателка на маркетингот за Гранд При во Бразил му станала сопруга во 2012-та година. Иако по разводот од Славица изјавил дека повеќе не планира да се жени изгледа дека сè паднало во вода кога ја запознал Фабијана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk