Еве што останало по пожарот во Нотр Дам: Славната средновековна катедрала уште не е безбедна за обнова

Точка

18/07/2019

10:05

1.934

Големина на фонт

а а а

Францускиот архитект Филип Вилнев изјавил денес дека париската катедрала Нотр Дам, која во април била зафатена од огромен пожар, уште не е безбедна за обнова.

Вилнев, главен архитект задолжен за историски споменици, денес заедно со францускиот министер за култура Франк Риестер ја обиколил катедралата која претседателот Емануел Макрон сака да ја обнови за пет години. 

"Уште постојат некои локации на катедралата кои бараат дополнително обезбедување", рекол архитектот.

Риестер рекол дека безбедноста и квалитетот на реставрацијата на зданието се поважни од постигнување на рок обновата да се заврши до 2024-та.

Катедралата Нотр Дам, средновековно здание од готска архитектура во срцето на Париз кај реката на Сена, на 15-ти април била зафатена од пожар кој бил изгасен по неколку часа. Пожарот прво го зафатил поткровјето, дел од кровот, а се урнала кулата која била држена од четири столбови на висина од 93 метри.




Спонзорирани линкови

Маркетинг