Манчини пристигна во Рим: Не можев да ја одбијам понудата на Рома

Точка

18/07/2019

11:06

877

Големина на фонт

а а а

Младиот италијански репрезентативец, Џанлука Манчини и официјално е нов фудбалер на Рома.

После одличната сезона во дресот на Аталанта, 23-годишниот Манчини беше на мета на неколку клубови, но на крај то одлучи кариерата да ја продолжи во дресот на Рома. Тој доаѓа како позајмен играч, а по крајот на идната сезона Рома за неговите услуги ќе мора да плати 25 милиони евра.

За многумина беше изненадување тоа што Манчини одлучи да ја напушти Аталанта откако клубот од Бергамо се избори за пласман во Лигата на шампионите, но Манчини вели дека не можел да ја одбие понудата на Рома.

„Сакав да дојдам овде затоа што Рома е голем клуб. На крајот преговорите завршија многу добро. Не е работата во тоа што ја напуштив Аталанта, туку повеќе во тоа што Рома е голем клуб и такви понуди не може да се одбијат. Ваква шанса не сакав да пропуштам затоа што не се појавува така често“, изјави Манчини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг