Арсенал конечно доведува големо засилување ова лето?

Точка

18/07/2019

09:08

1.383

Големина на фонт

а а а

Како што пренесуваат англиските медиуми, Арсенал наскоро би требало да го комплетира трансферот на бразилскиот репрезентативец Евертон.

Имено, од лондонскиот клуб веќе ги контактирале своите колеги од Гремио и ќе се обидат во следните неколку дена да го официјализираат трансферот на бразилскиот репрезентативец на „Емирати“.

“The Sun” пренесува дека од Арсенал се согласиле да платат 36 милиони фунти за услугите на Евертон, со тоа што 25 милиони евра ќе ги платат веднаш, а дополнителни 11 милиони Гремио ќе ги добие преку бонуси.

Новата сезона во бразилското првенство веќе е започната, а Евертон досега има забележано 7 настапи на кои има постигнато 3 погодоци. Тој неодамна блесна и во дресот на бразилската репрезентација на Копа Америка каде што на 6 натпревари постигна 3 погодоци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг