Турски дипломат ликвидиран додека ручал во ресторан: Остра реакција на Ердоган!

Точка

18/07/2019

09:30

3.840

Големина на фонт

а а а

Во вооружен напад во ирачкиот град Ербил се убиени службеник од турскиот конзулат во Ирак и државјанин на Турција, додека уште еден ирачки државјанин е ранет, пренесува „Анадолија“.

Како што соопштија турските власти, ирачката полиција ќе ги заштити сите дипломати и нема да дозволи ескалација на немирите на подрачјето на Курдската регионална управа на северот на Ирак.

Вооружениот напад се случил во ресторан во кој на ручек биле службеници на турскиот конзулат во оваа земја.


Сопственикот на ресторанот открил дека напаѓачот бил во цивилна облека и со две парчиња оружје влегол во ресторанот и директно започнал да пука кон службениците од турскиот конзулат. Првиот човек на полицијата во Ербил, Абдулхалик Талат соопшти дека истрагата за нападот е во тек и деновиве ќе бидат објавени повеќе информации во врска со ликвидацијата.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро го осуди вооружениот напад кој беше изведен на службениците на конзулатот на Турција.

„Турција соработува со ирачките власти со цел што е можно побрзо да биде пронајден напаѓачот на вработените во турскиот конзулат во Ербил“, порача меѓу другото претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.



Спонзорирани линкови

Маркетинг