Бизарни казни за туристи-капачи во Тајланд

Точка

17/07/2019

22:08

3.243

Големина на фонт

а а а

Група од шест голи туристи се казнети поради непристојно однесување на плажа на Тајланд.

Туристи од Британија, Австралија, Шпанија и Јапонија се соблекле на плажа и биле во вода 10 минути во понеделникот, пренесуваат локалните медиуми.

Зачуден мештанин повикал полиција штом ја погледнал оваа сцена на плажата, а неколку полицајци набрзо пристигнале на местото на настанот и ги отстраниле голите капачи од морето.

На снимката се гледа жена како со раце ги сокрива градите, додека мажите се покриваат со пешкири околу струкот. После тоа се однесени во полициската станица и секој морал да плати казна од 14 евра за непристојно однесување во јавност.

Како што раскажале, отишле голи на капење, бидејќи барот во кој биле - затворил порано, и немале што друго да прават. Признале дека биле пијани кога одлучиле голи да влезат во водата.

Полицијата ги предупредила повторно да не ги прекршуваат правилата и тајландските закони.

„Сите признаа дека она што го направиле е погрешно и научија тоа да не го повторат во Тајланд“, соопштила полицијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг