Васко Ковачевски нов директор на ЕЛЕМ

Макфакс

17/07/2019

17:55

1.569

Големина на фонт

а а а

Владата на денешната седница, по предлогот за разрешување на околу 40 директори во јавните претпријатија, донесе одлуки и за препораки до Управни и надзорни одбори за избори на нови членови.

Од Владата соопштија дека на НО на АД Електрани на Северна Македонија му е препорачано Васко Ковачевски да биде избран за член на УО, кој ја извршува функцијата генерален директор.

Владата на Република Северна Македонија му препорачува на Надзорниот одбор на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација (М – Нав) АД Скопје, за член на Управниот одбор да го избере Александар Палчевски, на претставникот на акциите и на уделите во сопственост на Владата во АД „11 Октомври – Еурокомпозит“, му препорача да го отповика Златко Граороски од должноста прв извршен член на Одборот на директори и генерален директор, и на тоа место да го именува Милан Тоцев.

За член на Инспекцискиот совет денеска е именуван Керамедин Селими, откако на денешната седница беше разрешен од оваа должност Горан Симоновски.

Претходно денеска, премиерот Зоран Заев на прес-конференција го најави разрешувањето на десетици директори на јавни претпријатија и членови на управни одбори, меѓу кои и директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ, Сашо Василевски и Драган Миновски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг