Чадор како фантастичен моден детаљ

Точка

17/07/2019

16:37

1.194

Големина на фонт

а а а

Кој и да рекол дека чадорот не може да биде моден аксесоар, очигледно не го видел најновото издание со потпис на Александер Меквин.

Овој бренд е познат по своето наследство во создавање на театрално привлечни парчиња, на кои сега им се придружува и неодамна претставениот „Om Camo Rose“ чадор. Одликува со класа и стил, додека истовремено беспрекорно ја извршува функцијата, овој чадор дефинитивно е модел детаљ во кој може да се ужива.


Освен темната, привлечна естетика на брендот на Александар Меквин, чадорот Ом Камо Роуз содржи интригантни, прекрасни детали и готски мотиви, исто како и неговите претходни ривали. Тој има акцентирани портокалови детали. Чадорот исто така има и сребрени детали и гравирано лого.


Ом Камо Роуз чадорот едноставно се затвора, поради што потешко се управува. Направен е од висок квалитет, а долг е 42 сантиметри. Неговата цена е 625 долари, а моментално може да се купи онлајн и во избрани продавници ширум светот.

Дали сега се радувате на дожд?



Спонзорирани линкови

Маркетинг