„Чудовиште“ од батерија која ќе го наполни одеднаш вашиот лаптоп и паметен телефон

Точка

17/07/2019

16:25

1.650

Големина на фонт

а а а

Екстерната батерија SuperTank која на Kickstarter собра повеќе од половина милион американски долари, може истовремено „како од шала“ да наполни до четири уреди.

Што ако треба да го наполните вашиот лаптоп и паметен телефон истовремено, а во близина немате штекер? Повеќето од стандардните екстерни батерии нема да бидат дораснати за ова, но тоа не значи дека не постојат исклучоци.

SuperTank е преносна батерија со неверојатни 27 илјади mAh која што веќе ги собра побараните средства на платформата за заедничко финансирање Kickstarter за само еден час. До крајот на кампањата собра повеќе од половина милион долари.


Не е тешко да се разбере што ги натера луѓето да посегнат по своите паричници. Освен огромниот капацитет, оваа екстерна батерија поддржува и брзо полнење и со максималните 138 вати излезна сила, може да наполни лаптоп како MacBook Pro на Apple за околу час и половина.

На располагање се два влезови за USB-C и два за USB-A, што значи дека е можно да се полнат четири уреди одеднаш.


SuperTank исто така е опремена со технологија која овозможува прилагодување на полнењето на капацитетот на уредот кој се полни и има вкупно девет слоеви на заштита при полнење, пренесува “Next Web”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг