Овој споменик ја крие приказната за најстрашното злосторство од Втората светска војна

Точка

17/07/2019

16:20

3.322

Големина на фонт

а а а

Втората светска војна останала забележана како најсмртносниот конфликт во човековата историја. Се проценува дека 50 до 85 милиони луѓе ги изгубиле животите поради бесмислените идеологии, а помеѓу најсуровите злосторства на нацистите е уништување на селото Лидице на подрачјето на тогашната Чехословачка.

Масакрот во Лидице бил одмазда на смртта на Рајнхард Хајдрих, германски протектор кој починал шест дена претходно, по атентат на чехословачките диверзанти. Одмаздата која ја доживеала селото ќе остане запаметена во историјата. 


Сите возрасни мажи во Лидице биле убиени, жените биле одведени во концентрациони логори, децата кои изгледале како Ариевци биле германизирани, а останатите биле убиени. Селото било потполно уништено, гробиштата преорани, а рибникот бил затрупан.

Причината поради која Хитлер најтешко ги казнил жителите на Лидице е фактот дека еден маж од селото бил припадник на чешката војска во Англија.


Вкупно биле убиени 173 мажи, а 184 жени и 88 деца биле одведени во логори. Од нив, 82 биле погубени во плинските комори во логорот Хелмно. Во селото се вратиле само нивните бронзени скулптури.

Имено, во спомен на 82-те деца убиени во текот на летото 1942 година во Лидице, кое би се наоѓало во денешна Чешка, е поставена бронзена скулптура на Марија Учитилова Кучова. Таа била чешки скулптор и професорка по уметност родена во 1924 година. Злосторството во Лидице премногу ја растревожило, па затоа во 1969 година одлучила да изработи бронзена скулпура за местото никогаш да не биде заборавено.


Ѝ биле потребни 20 години за да ги изработи 82-те скулптури на деца во природна големина. Во тие 20-тина години, бројни граѓани доаѓале во нејзиното ателје за да ги видат спомениците, а биле собирани и пари за да се олесни нејзината работа. За жал, таа никогаш не ги добила тие пари – починала во 1989 година, а зад неа останале три бронзени скулптури, додека останатите биле изработени од гипс. Нејзиниот сопруг Џеј Ви Хампл одлучил да ја продолжи нејзината работа. До 1995 година биле изработени 30 кипови во бронза, а последниот бил откриен во 2000 година. Селото никогаш не било обновено.



Спонзорирани линкови

Маркетинг