Заев: Ако Усеини не ги урне дивоградбите во Охрид, тоа ќе го стори државата

Макфакс

17/07/2019

15:17

3.456

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев најави одземање на надлежностите на Општина Охрид, доколку градоналаникот Константин Георгиевски не постапува и не ги урне дивоградбите на Нефи Усеини, но и останатите 1 076 кои се евидентирани во регистарот на дивоградби.

„Дивограбите треба да се срушат, екстра причина е УНЕСКО. Разговорав со градоначалникот на Охрид, треба да се постапи по закон. Ако не се постапи најавувам одземање на надлежностите, како што сум најавил за Мерко. Апелирам до сите граѓани, па и до Нефи да си ги отстранат дивограбните, затоа што граѓаните реагираат и заради УНЕСКО. Ако не постапи локалната власт, многу брзо извршната власт ќе покаже што значи владеење на правото“, рече Заев.

Нефи Усеини е советник во Општината Охрид, а истовремено и сопственик на две дивоградби во Охрид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг